Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги денеска пристигнаа во Киев за да ја дадат својата поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За посетата на „Твитер“ се огласи поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, кој сега е на позицијата заменик претседател на Советот за безбедност на Русија.
Европските љубители на жаби, џигер и шпагети сакаат да го посетуваат Киев. Со нула корист. Ветија членство во ЕУ и стари хаубици за Украина, се „светнаа“ од горилка (украинска вотка) и си отидоа дома со воз, како пред 100 години. Сè е добро. Сепак, тоа нема да ја приближи Украина до мирот. Часовникот отчукувa, пишува Медведев.
European fans of frogs, liverwurst and spaghetti love visiting Kiev. With zero use. Promised EU membership and old howitzers to Ukraine, lushed up on gorilka and went home by train, like 100 years ago. All is well. Yet, it won’t bring Ukraine closer to peace. The clock’s ticking
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) June 16, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.