Еден од најблиските сојузници на Путин, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека Европа нема да издржи повеќе од една недела доколку воведе ембарго на рускиот гас и нафта.
Тој на Телеграм напиша дека „Европската комисија дозволи плаќање за гас во рубљи со што смета дека европскиот бизнис сепак може да го применува указот на претседателот на Русија“.
Ги цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери, особено ако се земат предвид најновите податоци на Меѓународниот монетарен фонд дека Европа без руски гас може да издржи најмногу шест месеци, изјави со потсмев Медведев.
– Но да бидеме сериозни, тоа нема да трае ни една недела, напиша Медведев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.