Нема ништо што укажува дека во Украина е извршен геноцид за време на руската воена операција, изјави портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права, Равина Шамдасани.

Не, ние немаме документирани обрасци што би можеле да претставуваат [геноцид] – истакна претставничката на ОН.

Шамдасани посочи дека има „многу од овие правни квалификации – злосторства против човештвото и геноцид – кои на крајот треба да ги утврди судот“.

Според дефиницијата на ОН, „геноцид“ вклучува „акти извршени со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група“.

Украина и САД ја обвинуваат Русија за геноцид во Украина, додека Москва инсистира дека цивилите не се нивна цел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.