Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, оценува дека Европа ќе мора да го „пребара светот“ барајќи нафта со ист квалитет како руската и дека ќе се соочи со дефицит на одредени видови гориво, како што е дизелот, кој е неопходен за камионите и земјоделските машини.

Рускиот висок функционер смета дека европските земји ќе мора да бараат „сиви шеми“ за да добијат руска нафта и да ги заобиколат сопствените санкции.

Според Медведев, забраната за осигурување на руските нафтени танкери може да се реши на сметка на државните гаранции во рамките на договорите со трети земји.

Како што истакна тој, Русија отсекогаш била доверлив и одговорен партнер и ќе остане таков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.