Две медицински сестри од Велика Британија се осудени за нелегално дрогирање пациенти.
Медицинската сестра Кетрин Хадсон (54) и нејзината колешка Шарлот Вилмот (48) се прогласени за виновни затоа што на пациентите им давале седативи без нивна согласност за да им се олесни работата.
Тие беа вработени во болницата „Блекпул Викторија“ помеѓу февруари 2017 и ноември 2018 година. Во тој период работеле во одделот за мозочен удар, пренесува „Мирор“.
Полицијата почна истрага кога студентка – медицинска сестра кажала дека видела како Хадсон му дава на пациент, апче за спиење, без рецепт.
„Зопиклон“ е апче за спиење што се дава во краткотрајна терапија за тешки форми на несоница и неговата употреба е забранета без лекарска наредба.
Полицајците ја пронашле и преписката што ја имале колешките, во која јасно стои дека си сугерирале да ги дрогираат пациентите и со која доза.
„Заспијте го вечерва“ и „Веќе размислувам да му дадам двојна доза“, се дел од пораките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.