Еден човек се застрелал пред американскиот Капитол во неделата рано наутро, откако удрил со својот автомобил во барикада.

Имено, по ударот неговото возило се запалило, а тој побегнал од автомобилот. Потоа отворил оган, пукајќи во воздух, а потоа и кон себе, пренесува Huffpost.

Наводно, полицајците му приоѓале на човекот кога тој се застрелал. Никој друг не е повреден, соопштија властите.

Во овој момент не се чини дека човекот целел на членови на Конгресот, кои инаку биле на пауза, а најверојатно никој од полицајците не пукал, соопшти Капитолската полиција.

Властите соопштија дека го истражуваат мотивот зад чинот, а смртта ја истражува ДЦ Метрополитен полиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.