Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа ноќеска и утринава во предградијата на Париз. Демонстрантите пристигнаа во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија секакви блокади.

Речиси 7.200 полицајци ќе бидат распоредени во следните три дена за да го спречат минувањето на конвоите, соопшти париската полиција.

Полицијата подготви оклопни возила и водени топови

Началникот на париската полиција Дидие Лалеман изјави дека отвориле привремена депонија за возила, која заедно со десетици пајаци ќе ги отстранува автомобилите и ќе ја пробива секоја блокада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.