Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана ноќеска собориле 101 украински беспилотно летало, главно над областа Брјанск, покраината Краснодар и Азовското Море.
Како што се наведува со соопштението, 53 беспилотни летала биле пресретнати и уништени над регионот Брјанск, 18 над регионот Краснодар, пет над регионот Калушка, по три беспилотни летала над регионите Твер и Белгород и по еден дрон над областите Смоленск и Курск и Крим. 16 украински беспилотни летала беа соборени над Азовското Море.
Руските воздухопловни сили синоќа со наведувани бомби го нападнале центарот на украинскиот град Харков, соопштија локалните власти. Во градот одекнале експлозии, а за гранатирањето информирал Олег Синегубов, шеф на регионалната воена управа во Харков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.