Група украински националисти, маскирани и вооруѓени со пиштоли и палки, упаднаа во православна црква во централниот украински регион Черкаси, при што ги нападнаа луѓето коишто беа собрани во храмот на служба.
На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како разулавената толпа влегува во црквата и со погрдни зборови ги напаѓа верниците, меѓу кои има голем број жени и повозрасни лица, на што тие се обидуваат да се одбранат како што можат, додека во позадина се слушаат лелекања на повредени луѓе.
На крајот, луѓето од црквата успеваат да се одбранат од нападот и да ги истуркаат напаѓачите надвор од црквата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.