Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск го исмејуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што постојано бара од своите сојузници пари за Украина, пренесуваат медиумите во регионот.

Маск на социјалната мрежа „Х“ објави слика на кое се гледа маж со фотошопирано лице на Зеленски со напнат израз на лицето.

Кога поминаа пет минути, а вие не побаравте милијарда долари помош, се вели во описот на фотографијата. За шест часа објавата собра над 300.000 лајкови, а досега ја виделе над 22 милиони луѓе.

Медиумите потсетуваат дека американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата потпиша закон со кој ќе се овозможи продолжување на финансирањето на работата на Владата во период од 45 дена – до 17 ноември, пренесува Спутник. Сепак, законот не предвидува распределба на средства за Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.