Милијардерот Илон Маск во саботата во објава на Твитер, одговори на повикот на украински функционер и напиша дека неговата групација „Спејс Икс“ ја активирала Интернет услугата на „Старлинк“ во Украина и дека неговата компанија испраќа опрема во земјата.

„Услугата „Старлинк“ сега е во функција. На пат се и други терминали“, објави на Твитер сопственикот на „Тесла“ и вселенската агенција „Спејс Икс“.

Десет часа претходно, украинскиот вицепремиер Михаил Федоров го повика милијардерот на социјалните мрежи да испрати станици на „Старлинк“ во Украина.

„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената, руски ракети напаѓаат украински цивили! Ве повикуваме да испратите во Украина станици на „Старлинк“, напиша во саботата наутро украинскиот функционер задолжен за дигиталниот сектор.

Тој, исто така, го повика Илон Маск да го поттикне „здравиот дух на Русите“ за да се спротивстават на владата на Путин.

„Спејс Икс“ во петокот лансираше втора пратка од околу педесет сателити „Старлинк“ за да обезбеди интернет конекција за клиентите во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.