Во Украина се бомбардираат главно воени цели за да се уништи одбранбената моќ на земјата и за да се отсече командата на воените сили.

Нападот се одвива со сите воени средства – бомбардери, хеликоптери, лансери на ракети, за да се отвори простор за копнена инвазија. Луѓето во Харкив кој е исто така погоден од гранати, се молат на градскиот плоштад, а жителите на Киев се повикани да се засолнат во метроата.

Нападот практично се одвива од неколку страни – од Русија, од Белорусија, од Донбас, од Крим, а според некои информации и од отцепениот руски дел од Молдавија. Рускиот претседател Владимир Путин, го најави потегот што не го видело човештвото од Втората светска војна и се закани за тие што ќе помислат да се бранат со последици какви што не виделе досега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.