Неколку стотици тинејџери упаднале во продавници во центарот на Филаделфија, украле роба и потоа избегале, а полицијата успеала да уапси неколку од нив.

Групи тинејџери краделе производи од Lululemon, Apple Store, Futloker и други, пренесува АП.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат маскирани мажи во дуксери како трчаат од Лулулемон, а полицајци фаќаат неколку од нив и ги носат на тротоарот.

Во кражбите и апсењата нема повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.