Видео-снимка направена за време на посета на циркус во кинескиот регион Гуангкси, предизвика остра реакција кај властите.

На почетокот од снимката се гледа тигар, врзан за метален држач и човек како става момче на грбот на животното за да го јава. Друго лице го фотографира малото дете.

И покрај тоа што тигарот бил врзан со ремени, тој успеал да ги придвижи предните нозе и опашката, навестувајќи ја неговата нескротлива природа, пренесува АП.

Во меѓувреме, љубопитни малечки деца го чекаат својот ред за уникатно искуство. Оваа атракција се наплаќала 20 јуани (2,5 евра) по фотографија.

Неколку дена подоцна реагирале од Секторот за култура, спорт и туризам, при што е утврдено дека циркусот организирал претстави без соодветно одобрение.

Почитувајќи ги законските и регулаторните стандарди, надлежните наредиле итно прекинување на изведбите, што било направено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.