Францускиот претседател во заминување, Емануел Mакрон, вечерва се очекува преку видео обраќање на социјалните мрежи и писмо во регионалниот печат, да ја објави својата кандидатура за втор претседателски мандат.
Сите ја очекуваат оваа најава, но досега беше непознат начинот на кој ќе биде објавена.
Утринава Макрон ја потврди својата намера да се кандидира за втор мандат, конечно официјализирајќи ја својата кандидатура за претседателските избори во 2022 година.
Наместо говор од Елисејската палата во стилот на Шарл де Гол или Валери Жискар д’Естен, наместо во ТВ вести во живо како Франсоа Митеран или Никола Саркози; наместо спонатна декларација како Жак Ширак… Макрон се одлучи за „Писмо до Французите“, кое ќе биде објавено вечерва и ќе биде дистрибуирано во петок во сите наслови на регионалниот дневен печат, но и преку видео обраќање кое ќе биде објавено истовремено на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.