Францускиот претседател Емануел Макрон има за цел да ја почне својата кампања за реизбор оваа недела со прошетки надвор од Париз и голем митинг во главниот град, откако дипломатските притисоци од војната во Украина ја ограничија неговата кампања дома, што доведе до пад на анкетите и загриженост за слаба излезност.
Макрон (44) се надева дека ќе биде првиот француски претседател кој ќе добие втор последователен мандат во последните 20 години нма изборите во април, но неодамна падна од два до три поени во анкетите бидејќи разликата меѓу него и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен се намалува, пренесува британски „Гардијан“.
Иако се уште е фаворит, следните 10 дена од кампањата се сметаат за важни поради гневот на граѓаните поради порастот на трошоците за живот, разочараноста од нивото на дебата во кампањата и политиката воопшто.
Сакам митинзи, но ајде да размислиме со ладни глави – не можам многу! – изјави Макрон неодамна на телевизија, објаснувајќи дека наместо тоа бил на меѓународни самити и се занимавал со дипломатија за Украина.
Макрон, откако дојде на власт во 2017 година, ветувајќи дека ќе ја трансформира Франција со нов политички стил кој не беше ниту лев ниту десен, има околу 27 отстоу, а по него е Ле Пен со околу 17 отсто поддршка од гласачите.
Ле Пен ја доби довербата на граѓаните по жестоката кампања за кризата на трошоците за живот во Франција, пишува „Гардијан“.
Но, ако Макрон се соочи со Ле Пен во вториот круг од изборите на 24 април, се предвидува дека резултатот ќе биде многу „потесен“ отколку кога победи пред пет години со 66 отсто. Една анкета оваа недела покажа дека Макрон има 53 отсто, наспроти 47 проценти за Марин Ле Пен.
Постојано се зголемува и француската поддршка за третиот кандидат, левичарот Жан Лук Меланшон, а воздржаноста може да достигне и 30 проценти.
Од оние кои велат дека ќе гласаат, четворица од 10 сè уште не се сигурни за кого – што придонесува за поголем степен на непредвидливост.
Повеќето француски гласачи веруваат дека Макрон ќе води на прашањата околу војната во Украина, што на почетокот изгледаше како да ја зацврсти неговата позиција. Неговите ривали, пак, и од десницата и од левицата, го обвинуваат дека избегнува политичка дебата.
Кога Макрон ги „засука ракавите“ и отиде на првата прошетка до Бургундија оваа недела, го пречекаа поплаки за цените на горивото, трошоците за живот и извиците „Ние сме оданочени цела година!“.
Макрон изјави дека Франција потрошила 20 милијарди евра на мерки за помош на оние кои се борат и дека „Франција направила повеќе од нејзините соседи“.
Предизвикот на Макрон во наредните денови е да предизвика ентузијазам за неговата изборна кампања.
Поддршката на Макрон од левиот центар – која беше клучна за неговата победа на изборите во 2017 година – е во пад, додека неговата поддршка од десниот центар се зголеми.
Но, по ветувањето новини и свежи идеи на последните претседателски избори, неодамнешната анкета на Елабе покажа дека, овој пат, само помалку од еден од пет луѓе сметаат дека програмата на Макрон е иновативна.
Опозициционерите, вклучително Ле Пен, Меланшон и екстремно десничарскиот ТВ експерт, Ерик Земур, го нападнаа Макрон поради извештајот на Сенатот дека француските министерства повеќе од двојно ги зголемиле трошоците за меѓународни консултантски фирми, вклучително и американската „Меккинси“, помеѓу 2018 и минатата година.
Кандидатот на Партијата на зелените, Јаник Задо, го нарече непристојно плаќањето на приватни консултанти.
Макрон, пак, изјави дека се почитуваат сите правила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.