Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека очекува руските сили да ги засилат своите напади во источниот регион Донбас во Украина во следните недели, што ќе доведе до дополнителни „тешки сцени“ по пријавените злосторства врз цивили во близина на Киев.
Оваа војна, за жал, нема да запре во наредните денови, изјави Макрон за радиото РТЛ, додавајќи дека гледа мали шанси за „дипломатски отстапки“ од рускиот претседател Владимир Путин наскоро.
Макрон, како и другите западни лидери, призна дека повлекувањето на Путин од областите во близина на Киев може да навестува фокус кон заземање области на исток и југ за да се создаде копнена врска меѓу Крим и сепаратистичките држави Доњецк и Луганск во Донбас, поддржани од Москва.
9-ти мај е национален празник за Русија, важен воен настан и речиси е сигурно дека за Путин 9-ти мај мора да биде ден на победа. Тие ќе ги концентрираат своите напори во Донбас, а ние ќе доживееме многу тешки сцени во наредните денови и недели, оцени шефот на француската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.