Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека нема причина да се прифати барањето на Русија за плаќање на рускиот гас во рубли.

-Сите текстови што се потпишани се јасни. Ова е забрането, рече Макрон на прес-конференција по синоќешниот самит на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека „европските компании кои купуваат гас и работат на европска територија мора да го прават тоа во евра”.

-Затоа не е можно да се направи тоа што се бара денеска, тоа не е договорно, изјави Макрон.

Францускиот претседател додаде дека не верува оти Русија сака да ги раскине договорите, но изјави дека, ако е така, тогаш Москва треба тоа да го каже експлицитно, пренесуваат британските медиуми



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.