Францускиот државен секретар за европски прашања, Клемен Бон, изјави дека претседателот на Франција, Емануел Макрон нема закажано посета и не планира да ја посети Украина во блиска иднина.

Ваквата изјава на Бон доаѓа како одговор на новинарско прашање за поканата што на францускиот претседател му ја упати неговиот украински колега Володимир Зеленски.

Не зборуваме за следните неколку дена. Претседателот на Републиката не може да оди во симболични посети и дека ќе оди во Украина кога такво нешто ќе биде корисно – прецизира Бон за „Судско радио“.

Бон појасни дека Франција и дава воена и хуманитарна поддршка на Украина.

На почетокот на февруари Макрон ја посети Москва и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а следниот ден го посети и Киев.

Макрон и Путин, редовно разговараат по телефон, а францускиот лидер одржува контакт и со Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.