Францускиот претседател Емануел Макрон одби да ги опише руските акции во Украина со зборот „геноцид“.

Прашан од новинар на француската јавна телевизија дали би го употребил овој збор за да ги опише руските дејствија во Украина, како што направи американскиот претседател Џо Бајден во два наврати, Макрон истакна дека мода да се биде претпазлив при употреба на таквите термини.

Сакам да продолжам да се обидувам, колку што е можно, да ја запреме оваа војна и да го обновам мирот. Не сум сигурен дека таквата ескалација на реториката служи за таа цел – порача Макрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.