Претседателот на Франција, Емануел Макрон не исклучува почеток на голема војна во Европа, пишуваат светските гласила.
„Нашите сили се единствената полноправна армија на европскиот континент. Мораме да се подготвиме за можен вооружен конфликт со висок интензитет и да ги зголемиме инвестициите во армијата“, рече тој.
Макрон рече дека конфликтот меѓу Украина и Русија ќе доведе до криза со храна во следните 12 до 18 месеци, а ќе се почувствува и во Африка, на Блискиот Исток.
Макрон, според написите, ветил дека ќе го зајакне суверенитетот на Франција доколку го добие својот втор претседателски мандат на изборите следниот месец, со цел да ја води земјата низ, како што кажал, нова кризна ера.
Предноста на Макрон пред неговите ривали во пресрет на изборите се зголеми по руската операција во Украина, објави Ројтерс.
Анкетите на јавното мислење објавени во последните недели, според француските медиуми, покажуваат дека Макрон треба да освои околу 30,5 отсто од гласовите во првиот круг, што е за 10 отсто повеќе отколку што покажаа минатомесечните анкети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.