Јавноста се забавува со реакцијата на италијанската премиерка Џорџија Мелони кога францускиот претседател Емануел Макрон ѝ пријде на самитот на Г7 и ја поздрави.
Работите меѓу двајцата државници ескалираа кога Италија побара да се отстранат референците за „безбеден и легален абортус“ од последната изјава на овонеделниот самит на Г7 – нешто со што Франција не се согласува.
Макрон подоцна рече дека „жално е што зборот „абортус“ недостасува во конечната декларација на Г7“.
Дека има несогласувања меѓу Мелони и Макрон можеше да се види од видеото од нивното ракување кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи.
Макрон ѝ пријде на Мелони, и се подаде да ѝ ја бакне раката, на што таа криво се насмевна, а подоцна, додека францускиот претседател се оддалечи, преврте со очите.
Italy’s Giorgia Meloni can’t hide her contempt for Macron 🤣
pic.twitter.com/Rk4bhBzJkO— Dr. Eli David (@DrEliDavid) June 14, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.