Францускиот претседател Емануел Макрон го нападна полскиот премиер Матеуш Моравјецки, нарекувајќи ги неговите неодамнешни изјави „скандалозни“. Моравјецки ги критикуваше напорите на францускиот лидер насочени кон одржување на дијалогот со Москва во услови на тековната воена акција во Украина.
Овие изјави се и неосновани и скандалозни“, изјави Макрон за француската ТВ ТФ1, во врска со коментарите на полскиот премиер од почетокот на оваа недела. Моравјецки критикуваше неколку европски лидери, вклучително и Макрон, дека наводно постигнале малку преку дијалогот со Кремљ.
Ние не разговараме, не преговараме со криминалци“, рече полскиот премиер и го спореди рускиот претседател Владимир Путин со Адолф Хитлер.
Ја преземам целосната одговорност што разговарав со претседателот на Русија, во името на Франција, за да се избегне војната и да се изгради нова архитектура за мир во Европа“, рече Макрон, додавајќи дека тој не е ниту „наивен“ ниту „соучесник“ како „другите“, без да објасни кого има на ум.
Францускиот претседател, исто така, го обвини полскиот премиер дека е познат евроскептик и претставува „екстремно десничарска партија“, а „ја поддржува“ и десничарската ривалка на Макрон, Марин Ле Пен.
Макрон постојано ветува дека ќе продолжи да разговара со Москва и ќе ја „почитува“ Русија, иако самата операција ја осуди како „историска грешка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.