Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги ќе ја посетат Украина в четврток на 16 јуни, објави италијанскиот весник „Ла Стампа“.
Портпаролот на германската Влада одби да ги потврди медиумските извештаи дека Шолц ќе го посети Киев в четврток.
Заедничката посета на лидерите на трите земји од Европската Унија ќе се одржи пред самитот на Групата седум најразвиени земји (Г7) и НАТО на крајот на јуни оваа година.
Според медиумите, на овој начин лидерите сакаат намера да му изразат поддршката на трите најголеми земји од ЕУ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.