Францускиот политичар од „Зелените“, Јаник Жадо, остро ја критикуваше одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да приреди вечера за саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во Елисејската палата.
Дали распарченото тело на новинарот (Џамал) Кашоги е на менито за Макрон и МБС? – напиша на Твитер Жадо кој беше кандидат во првиот круг од претседателските избори претходно оваа година.
На дневен ред се нафтата и оружјето, сосема спротивно на климатскиот хаос, мирот и човековите права, за кои треба да разговара – додаде пратеникот во Европскиот парламент.
Домаќинот не објави никакви детали за вечерата на која вечерва треба да се сретнат Макрон и де факто владетелот на Саудиска Арабија. Заливското кралство соопшти дека ќе се разговара за билатералните односи и прашања од заеднички интерес.
Средбата ја критикуваа и левичарски политичари во Франција, како и организацијата Амнести интернешнел.
Бин Салман е на својата прва европска турнеја по убиството на Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во октомври 2018 година. Американските разузнавачки служби велат дека убиството било директно нарачано од МБС, кој постојано отфрла одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.