Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупреди Французите за „големата промена“ што ќе донесе „крај на изобилство“ и „безгрижноста“.
Можеби изгледа дека моментот во кој живееме е структуриран од низа сериозни кризи … и можеби некои ја гледаат нашата судбина како постојано управување со кризи или итни ситуации. Што се однесува до мене, верувам дека она низ кое минуваме е повеќе голема промена или голем пресврт – истакна Макрон на владината седница.
Тој додаде дека поради сето тоа Французите може да бидат вознемирени и затоа од министрите побара „да ги именуваат работите многу јасно“.
Очекувам Владата да го почитува дадениот збор и обврските што ги презедовме кон нацијата – истакна Макрон и ги повика своите министри да не подлегнуваат на демагогија и да бидат сериозни и кредибилни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.