Украинката Олга физички го заштитила своето едномесечно бебе кога нивниот дом бил гранатиран во Киев, се вели во објавата на Фејсбук на Националната детска специјализирана болница Охматдит.
Бебето не е повредено, но мајката се здобила со повеќе повреди, се вели во соопштението.
Мајката и таткото на детето биле дома и го хранеле бебето во раните утрински часови кога нивната зграда била гранатирана. Тие слушале звуци на гранатирање во текот на ноќта се` поблиску и поблиску, велат од болницата.
Кога се симнав во дворот, видов дека граната ја погоди градинката до нашата куќа. Немаше тавани, прозорци и врати во сите куќи во близина… Парчиња стакло полетаа кон нас, рекол сопругот на Олга.
На сликата објавена од болницата се гледа како мајката го храни бебето со голем завој околу главата додека таткото стои до нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.