Емили Ханд го прослави деветтиот роденден како заложник во Газа, еден ден пред повторно да се обедини со нејзиниот татко, кој првично веруваше дека таа била убиена во разорниот напад на Хамас врз јужен Израел минатиот месец.

Емили беше вратена во втората група заложници ослободени од Хамас. Објавена е и снимка од моментот кога се среќава со татко и.

Ослободувањето е дел од договорот со Израел со посредство на Катар. Емили на фотографиите и видеата остава впечаток дека е во добра здравствена состојба.

Деветгодишното девојче е ќерка на ирска доселеничка во Израел, која починала од рак кога Емили имала две години. Семејството на девојчето ги опиша измешаните чувства.

“Не можеме да најдеме зборови да ги опишеме нашите емоции по педесет предизвикувачки и компликувани денови. Пресреќни сме што повторно ќе ја прегрнеме Емили, но во исто време се сеќаваме на Раја Ротем и сите заложници кои допрва треба да бидат вратени”, велат од нејзиното семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.