Претседателот на Венецуела на националната телевизија најави дека неговата земја наскоро ќе се приклучи на групата земји БРИКС порачувајќи дека „стариот колонијален свет се заменува со нов“, како и дека тој свет „веќе постои и е неповратен“.

Трендот на појава на нов свет и консолидација на БРИКС е неповратен, а Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, изјави Мадуро во програмата „Со Мадуро +“ .

Според него, „стариот колонијален свет со војни, интервенции, геноцид и комплекс на супериорност“ се заменува со „свет со БРИКС“.

Официјален Каракас изрази желба да стане член на БРИКС во 2023 година. Лидерот на Венецуела очекува дека тоа би можело да се случи на самитот на БРИКС што ќе се одржи во Русија во октомври 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.