Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, најави дека Божиќ годинава ќе се одбележува одржи порано од вообичаено, а свеченостите ќе бидат на 1 октомври, пренесе ДПА.
Септември е и веќе мириса на Божиќ. Како благодарност до борбените луѓе, со декрет ќе го донесам Божиќ на 1 октомври, им рече Мадуро на приврзаниците на телевизија.
Ова не е прв пат Мадуро да презема ваков необичен потег за да го одвлече вниманието од проблемите на јужноамериканската земја.
За време на пандемијата на корона вирусот во 2020 година, тој прогласи Божиќ да се слави на 15 октомври, а следната година на 4 октомври.
Во тоа време, Мадуро објави видео од претседателската палата Мирафлорес украсена со новогодишни елки и божиќни украси. Социјалистичката влада традиционално дистрибуира пакети со храна во сиромашните населби во земјата за време на божиќниот период.
На претседателските избори на 28 јули Мадуро, кој е на власт од 2013 година, освои нов мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.