Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ го критикуваше планот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да испрати делегација во нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола.

Украинците велат дека не тие побарале таква посета.

Оваа порака на генералниот директор на МААЕ ја сметаме за уште еден обид да се стигне до електраната на кој било начин со цел да се легитимира присуството на окупаторите и суштински да се оправдаат сите нивни дејствија – се вели во телеграмата на „Енергоатом“, објави „Ројтерс“.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, вчера изјави дека организацијата работи на испраќање меѓународна мисија на експерти во нуклеарната централа во Запорожје во Украина, најголемата во Европа, која е под контрола на руските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.