Поморските компании во три од најголемите поморски земји на Европската Унија, Грција, Кипар и Малта, го удвоиле количеството транспортирана руска нафта од почетокот на рускара воена операцја во Украина на 24 февруари, пренесува „Индипендент“.

Компаниите и бродовите поврзани со овие три земји во мај транспортирале во просек по 58 милиони барели руска нафта, објавија британските медиуми, повикувајќи се на анализа на невладината организација „Глобал Витнес“.

Тоа е речиси двојно повеќе од 31 милион барели што заедно ги транспортирале во февруари. Според „Ројтерс“, трите земји имаат најголема бродска флота во ЕУ.

Бродовите поврзани со Грција, Кипар и Малта ги исмеваат напорите на ЕУ да ја санкционира воената машина на Путин, додека го одржува протокот на пари кон Русија – вели за „Индипендент“, Луис Годар, виш советник за истражување на податоци во „Глобал Витнес“.

Според „МАркет инсајдер“, нема докази дека компаниите и танкерите што превезуваат руска нафта ги прекршуваат санкциите на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.