Претседателот на Белорусија изјави дека ситуацијата во која се наоѓаат Украина и Европа е катастрофално. Спомена и Трета светска војна, а откри и од што се плашат САД.
Александар Лукашенко (или во оригинал на белоруски Алјаксандр Лукашенка), изјави дека Европејците не сакаат војна, но дека нивните влади не можат да го изгаснат пожарот кој им тлее во сопствениот двор.
Германија, цела Европа нема лидери. Би сакал да имаат… Тие не можат да го изгаснат пожарот во сопствениот дом. Европејците не ја сакаат оваа војна. Тие добро знаат што се случува во Украина и се обидуваат да ја дестабилизираат Белорусија. Утре ќе гори цела Европа. Ако изненадно избие нова светска војна, тоа ќе ја погоди и Америка, изјави белорускиот лидер, а пренесува новинската агенција BelTA.
Единственото нешто што ги плаши Американците е нуклеарното оружје. Ако не се употреби нуклеарно оружје, тао значи дека борбата ќе биде со конвенционално оружје. Каде? Тие ќе војуваат тука, а во тој казан ќе бидеме и ние“, смета Лукашенко.
Украина веќе гори. Најбогатата држава. Нема таква земја каква што беше Украина. Советскиот Сојуз во неа многу вложуваше. Најплодната почва, најубавата природа! Катастрофа е ова во што ја претворија земјата“, изјави лидерот на Белорусија.
Европските челници ги опиша како „лудаци“ кои не се способни да му кажат „не на Вашингтон и со тоа го разгоруваат огнот во регионот“.
Дали оние кои им дозволија на Американците да истоварат нов нуклеарен арсенал во Европа се вистински лидери? Тие се лудаци! Европејците треба да се разбудат и да ја сопрат војната“, изјави тој.
Лукашенко смета дека „елитните земји“ не настојуваат да ја запрат војната. Напротив, се обидуваат да ја продолжат со цел да ја сочуваат сопствената моќ. Според зборовите на Александар Лукашенко, лидерите во ЕУ се потполно зависни од САД.
Згора на тоа им недостасува волја да се спротивстават на овој притиусок. Постои и економска зависност за снабдување роба на американскиот пазар, бизнис интереси. Доколку Европската Унија договореше партнерство со Русија, ќе беше голема сила“, убеден е белорускиот лидер.
Лукашенко смета дека Европејците треба да „размислат со своја глава и да одлучат како понатаму да живеат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.