Американските граѓани денеска почнаа да се редат пред гласачките места за да го остварат своето право на глас на исклучително важните среднорочни, меѓуизбори или конгресни избори во земјата, пренесоа француските медиуми.

Нивните резултати би можеле да им дадат мнозинство на републиканците, да ја ограничат моќта на демократскиот претседател Џо Бајден во преостанатите две години од неговиот мандат и да го отворат патот за враќањето на Доналд Трамп.

Бајден ја повика земјата да ја „заштити демократијата“ бидејќи неговиот републикански претходник вети дека ќе објави „многу голема вест“ сл едната недела, што е протолкувано како знак дека Трамп може да се обиде да се врати во Белата куќа во 2024 година.

Првите гласачки места беа отворени во 6 часот по Источно време (11 часот по Гринич). Традицијата во САД е среднорочните избори да се одржуваат првиот вторник во ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.