Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги отфрли наводните планови неговата земја, која е поранешна советска република, да стане дел од Русија.

Не сме толку глупави да користиме стари методи со (рускиот претседател Владимир) Путин. Ние велиме дека градиме такво единство меѓу две независни држави што луѓето ќе учат од нас – порача Лукашенко во Владивосток.

Според белоруската новинска агенција Белта, Лукашенко престојува на далечниот исток на Русија на покана на Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.