Белорусија купи од Русија противвоздушни системи С-400 и ракети „Искандер“, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Изјавата на белорускиот претседател доаѓа на 85-от ден од почетокот на руската воена операција во Украина, што почна на 24 февруари. Белорусија, главниот сојузник на Русија и земја што се граничи со Украина, стана база за руската офанзива.
„Се договоривме со рускиот претседател Владимир Путин“, изјави Лукашенко, а пренесе неговата прес-служба на каналот Телеграм.
Тој додаде дека е набавено „потребното количество” од ова оружје, без да даде други детали.
„Со ова оружје, тоа е веќе сосема поинаква армија“, кажа Лукашенко, додавајќи дека тоа оружје може „да предизвика огромна штета“.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.