Руските сили попладнево го гранатирале украинскиот град Харков, кој е во близина на границата со Русија.
Според градоначалникот Игор Терехов, имало „најмалку пет“ експлозии во регионот.
Извештаите за гранатирањето следуваат по заканите на Русија дека ќе возврати по украинските напади врз градот Белгород, во кои загинаа 14 лица.
Харков и Белгород се оддалечени околу 80 километри, од двете страни на границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.