Директорот за одбранбена политика во министерството за одбрана на Литванија, Ваидотас Урбелис, вели дека вооружените сили на Руската Федерација се подобро подготвени за конфликт од поголеми размери отколку што биле пред три години.

Како што анализира Урбелис, напредокот во воената подготвеност се должи на стекнатото богато воено искуство во Украина.

Во интервју за „Бизнис инсајдер“, Урбелис предупредува дека официјален Вилнус треба да се подготви за „најлошото можно сценарио“ кога станува збор за потенцијален руски напад.

Ако само ги погледнете бројките, Русија сега има повеќе луѓе во вооружените сили отколку што имаше пред конфликтот. Москва може многу брзо да се опорави од сите загуби на ресурси што ги претрпе за време на борбите“, вели Урбелис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.