Властите во Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, денеска соопштија дека ќе воведат вонредна состојба по воздушниот и копнениот напад на руската армија врз Украина.
Денеска ќе потпишам указ за воведување вонредна состојба, изјави литванскиот претседател Гитанас Наузеда по состанокот на националниот совет за одбрана.
Тој додаде дека „Литванија ќе побара активирање на членот 4 на НАТО, кој предвидува итни консултации доколку членка на алијансата е загрозена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.