Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, изјави дека доколку не се постигне договор во Европската унија за забрана за издавање туристички визи за руските граѓани, нема да ја исклучи потрагата по решение во регионот во кое покрај балтичките земји би биле вклучени и Полска и Финска.

Ландсбергис порача дека претпочита „европско решение бидејќи тоа е најодржливо и законски најправилно“.

Доколку не се најде такво решение, не исклучуваме да бараме регионално решение – порача Ландсбергис без да објасни што всушност значи тоа.

Петте земји за кои зборуваше, а сите се членки на ЕУ, бараат целата Унија да престане да издава туристички визи за руските граѓани. Сепак, ЕУ не го поддржува тоа решение со кое би имало ускратување на патувањата на Русите додека трае војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.