Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, и го одзеде литванското државјанството на руската балерина Илзе Лиепа, поради поддршка за нејзината земја. Таа, стана државјанка на Литванија по исклучок.

Балерината доби литванско државјанство во 2000 година за долгогодишните настапи на сцената на театарот Бољшој со литванскиот танчер Петрас Скирмантас.

Ми се чини дека не е случајно што оваа одлука е донесена токму сега, за време на изборната кампања на нашиот руски претседател. И, ова е уште едно признание за мене, дека сум со мојата земја и со мојот претседател. Секако, многу дадов на Литванија, таму имам многу роднини, пријатели и познаници. Но, доаѓа момент кога треба да направите избор, морален избор. И потврдувам дека сум со мојата земја и со мојот претседател. Што друго да кажам“, изјави балерината, која има статус на народен уметник на Русија, откако и беше одземено литванското државјанство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.