Рускиот амбасадорот во Литванија ќе мора да го напушти Вилнус, додека, во исто време,  литванскиот амбасадор во Русија е отповикан од Москва, соопшти литванскиот министер за надворешни работи, Габриелус Ландсбергис.

Реагирајќи на постојаните агресивни дејствија на Русија во Украина, литванската влада одлучи да го намали статусот на дипломатската мисија. Рускиот амбасадор ќе мора да ја напушти Литванија – порача Ландсбергис.

Според шефот на литванската дипломатија, литванскиот амбасадор во Москва „во блиска иднина ќе се врати во Литванија“.

Како што се прецизира, одлуката е донесена поради настаните во украинскиот град Буча, што руското Министерство за одбрана ги нарекува украинска провокација.

Постојаниот претставник на Рсуија во ОН, Василиј Небензја, одржа прес-конференција во светската организација, на која објави, како што истакна, докази кои покажуваат дека слулувањето во Буча немаат никаква врска со руските сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.