Геолозите го нарекуваат украински штит. Земјиштето во централниот дел на државата почнува од северната граница кон Белорусија до брегот на Азовското Море, а според студиите на Украинскиот геолошки завод, наоѓалиштата на литиум се скриени во древните карпи на овој штит, пишува „Renewable matter“.

Ова можеби не е главната причина за војната, но минералното богатство на Украина е секако една од причините зошто оваа земја е толку важна за Русија – вели Род Шоновер, поранешен директор на Одделот за животна средина и ресурси на Националното разузнавање на САД.

Инаку, украинскиот литиум почна да го привлекува светското внимание минатата година, пред војната да го запре истражувањето. Имено, австралиската компанија „European Lithium“ соопшти дека е блиску до обезбедување на правата на две перспективни наоѓалишта на литиум во регионот на Доњецк (источна Украина) и Кировоград, во центарот на земјата. Кинеската фирма „Chengxin Lithium“, исто така, побара права на некои депозити, што ќе и овозможи на Кина да го освои својот прв депозит во Европа.

Бидејќи нема развиени наоѓалишта, се сомневам дека ресурсите на литиум биле мотивација за нападите на југоистокот – вели Шоновер за „Renewable Matter“, но предупредува дека доколку регионот падне под руска контрола, резервите на литиум сигурно ќе имаат корист за Кремљ.

Еден од ретките геолози што ги видел овие древни карпи е Андреа Дини, истражувач во италијанскиот Институт за геонауки и георесурси (ЦНР), кој учествувал во три кампањи во рудникот Корошив-Володарск во северна Украина.

Украинскиот геолошки завод во последните две децении вршеше истражување, а открија неколку области со литиумски минерали, како подум со многу висок потенцијал.

Многу антички карпи за кои се заинтересирани производителите на литиум се пегматити кои содржат сподумен – минерал кој индустријата го претпочита.

Овие карпи не содржат загадувачки метали како што се олово, цинк и кадмиум, туку содржат силикати кои можат да се продаваат како отпаден материјал на керамичката индустрија. Накратко ништо не се фрла – објаснува Дини и вели дека Украина и Србија веројатно имаат најголем потенцијал за екстракција на литиум во цела Европа.

Црн шкрилец

Инаку, Украина има 10 отсто од светските резерви на железо, 6 отсто титаниум и 20 графити, а Украина има повеќе од минерали. На североисток, во близина на руската граница, постои седиментен басен стар 400 милиони години исполнет со органски материјал и карпи од црни шкрилци кои носат големи количини јаглен и метан. Потенцијалот е огромен, а во прилог на тоа е и фактот што дел од енергетската независност на САД е последица на екстракција на метан од овие карпи на почвата на САД.

Постои уште еден сектор кој е тесно поврзан со украинските ресурси: италијанската керамика. Имено, квалитетот на италијанските керамички плочки зависи од увозот на глина и каолин од Украина, минерал извлечен од каменоломот во Донбас. Во италијанската керамичка индустрија, 25 отсто од суровините, вклучително и глината, која се смета за ценета, доаѓаат од Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.