Лидерите на Европската Унија се поделени околу тоа дали Украина цврсто да ја стават на патот за членство, изјави официјален претставник на Унијата, само еден ден пред шефовите на држави и влади на членките да разговараат за барањето на Киев за брзо приклучување, јавија британските медиуми.

Официјалниот претставник, кој е вклучен во подготовка на самитот на ЕУ во Версај и кој зборувал под услов да остане анонимен, вели дека сите лидери се за зајакнување на врските со Украина.

Но, прашањето е дали тие ќе постигнат консензус за проширувањето, што понекогаш е понезгодно – изјавил претставникот на Унијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.