Властите во Летонија, во Рига урнаа споменик од советската ера со кој се слави победата над нацизмот, во согласност со законот донесен по руската воена операција во Украина и покрај протестите на руското малцинство во оваа балтичка држава.
Споменикот висок 79 метри, поставен помеѓу 1979 и 1985 година во знак на сеќавање на победата на советската армија над нацистичка Германија, беше уништен со помош на градежна механизација.
Секоја година, илјадници Руси, кои сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија, се собираат на 9 мај за да го одбележат Денот на победата во 1945 година.
Сепак, повеќето Летонци го доживуваат тој датум како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година.
Речиси сите споменици и спомен-плочи од советската ера, освен оние на воените гробишта, беа отстранети во 1991 година, а споменикот во Рига беше заштитен со договор од 1994 година меѓу Република Летонија и Руската Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.