Патнички авион на комапнијата „Вива Аеробус“, кој летал од Гвадалахара до Лос Анџелес, морал да се врати на аеродромот откако среде лет му се запалил моторот.

Патниците слушнале силна експлозија неколку минути по полетувањето, а потоа виделе искри и оган како го зафатиле десниот мотор на авионот Ербас А320. Исплашените патници го известиле екипажот, а пилотите веднаш го свртеле авионот и се вратиле на аеродромот.

Снимката од инцидентот покажува дека моторот гори додека авионот летал ниско и над населено место.

Во авионот имало 186 патници и членови на екипажот. Проблемот со моторот предизвика паника кај патниците, некои плачеле и врескале, а други се молеле.

„Вива Аеробус“ е нискобуџетна авиокомпанија, а патниците кои доживеале големи непријатности добиле уверување за нов лет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.