Летонскиот парламент едногласно изгласа да им дозволи на летонските граѓани да се борат во Украина доколку сакаат, се наведува во денешното соопштение на Парламентот.

Нашите граѓани кои сакаат да ја поддржат Украина и доброволно да служат таму во одбрана на украинската независност и нашата заедничка безбедност можат да го сторат тоа – изјави претседателот на парламентарната комисија за одбрана, внатрешни работи и спречување на корупција, Јурис Ранчанис.

Како што се наведува во соопштението, парламентарната комисија на Летонија веќе го подготвила законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.