Владата на Летонија најави воведување енергетски кризен режим за снабдување со нафта и нафтени деривати до 31 декември

Во согласност со наредбата на Владиниот кабинет, сопствениците на нафтените резерви се должни да ги подготват за ослободување од резервите.

Државниот центар за енергетски кризи ќе ја контролира распределбата на квотите за гориво. За запирање на евентуалниот извоз на нафтени деривати во странство надлежни се полицијата и Службата за државни приходи.

Лиценцираните продавачи на нафтени деривати и давателите на критични услуги може да го контактираат кризниот центар за да одобрат купување од резервите.

Летонија увезува околу 10 отсто од својата потрошувачка на нафта од Русија, но владата сака да ги замени тие количини со набавки од други земји. Државата има резерви на нафта кои ќе овозможат стопанството да функционира 90 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.