Летонија нареди затворање на два руски конзулата во таа земја и му порача на персоналот да ја напушти земјата, соопшти денеска летонското Министерство за надворешни работи.

Одлуката е донесена во знак на солидарност со Украина во нејзината борба против неиспровоцирана и неоправдана воена агресија и војната што ја започна Русија, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека конзулатите во градовите Даугавпилс и Лијепаја ќе мора да се затворат, а персоналот мора да си замине до крајот на месецот.

По Летонија, и Естонија наложи затворање на два руски конзулата, чиј персонал мора да ја напушти таа земја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Естонија.

Според соопштението на Министерството, персоналот на руските конзулати ќе мора да ја напушти Естонија до 30 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.