Палестинската Црвена полумесечина денеска соопшти дека израелската војска бомбардирала неколкупати во близина на нивната болница во центарот на Газа, предизвикувајќи штета и ставајќи ги во опасност цивилите и пациентите.

Израелската Армија намерно продолжува да лансира ракети директно во близина на болницата Ал Кудс со цел да го принуди медицинскиот персонал, раселените лица и пациентите да ја евакуираат болницата, се вели во соопштението на медицинската организација.

Ова предизвика значителна штета на болничките одделенија и ги изложи жителите и пациентите на опасност, се додава во соопштението.

Покрај пациентите, Црвената полумесечина соопшти дека 14 илјади луѓе, раселени поради војната, се засолнети во болницата.

Претходно денеска организацијата соопшти дека примила телефонски повици од израелските сили со наредба да ја евакуираат болницата пред нападите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.